Голем пожар во атарот на општина Карбинци, изгорени се две викенд куќи, објект на шумско стопанство, препумпни станици за водовод за неколку села и фотоволтаична централа.
Евакуирани се три лица од една од вилите, која е целосно изгорена. Едното лице е лице со посебни потебри.
Спречено е од страна месното население со трактори да не се шири пожарот.
Постојано доаѓаат противпожарни возила. Пожарот почнал околу 16 часот, во близина на трафостаница на ЕВН, вели месното население и сега се шири кон атарите села Радање и Таринци.
Викторија Јованова
