Во последните 24 часа, регистрирани се 15 новозаразени од Ковид-19, соопшти министерството за здравство.
Од нив 10 нови случаи има во Скопје, по 2 во Куманово и Дебар и 1 во Тетово.
Добра вест е дека повторно нема починати од опасниот вирус, додека како оздравени се водат 6 луѓе.
Во моментов, во државата има 234 активни случаи на заразени со корона вирусот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
