Македонија

Tренер по џудо од Прилеп обвинет за обљуба на четири малолетни девојчиња

Наставник,  воспитувач, посвоител, старател, лекар или друго лице  кое со злоупотреба на својата положба ќе изврши обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено на учење, воспитување, чување или нега,  ќе се казни со затвор  од најмалку десет години.

За ова кривично дело што  го извршил во повеќе наврати,  прилепското Обвинителството  поднесе обвинение против 46 годиншниот тренер по џудо од Прилеп. Тој ќе седне на обвинителна клупа за обљуба на 4 малолетни девојчиња кои ги тренирал.

-Обвинетиот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се наведува во соопштението од ОЈО-Прилеп

Случајот кој ја шокираше јавноста беше откриен во јануари годинава, кога еден од родителите го пријави  тренерот во полиција, а потоа истргата ги откри и другите жртви.

На тренерот кој е и сопственик на  џудо клуб,  веднаш му беше одреден притвор.

Сега заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот достави и  предлог за продолжување на  притворот за обвинетиот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе