Македонија

Штипското Инфективно одделение ќе добие централен довод за кислород

Заврши тендерот за поставување на централен довод за кислород во Инфективното одделение, каде што во моментов се врши реконструкција со европски пари. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека тендерот е завршен вчера, а сега следи период за жалби, се надева дека за еден месец ќе биде поставен доводот за кислород до 75 болнички кревети.

– Со оние 47 кревети во модуларната болница и овие 75 кревети, на коишто ќе биде поставен централен довод за кислород, далеку поподготвено ќе дочекаме евентуален есенски бран, бидејќи ќе имаме над 120 кревети, коишто ќе бидат поврзани со централен довод со кислород, она што ни и беше сериозен проблем изминатата година и пол, ги знаете проблеми со боците, со нивното качување или симнување на одделот, вели Ѓеорѓијев.

Во моментов во модуларната болница има тројца пациенти, кои се сомнителни случаи, а направено им е тестирање за коронавирусот  и се чекаат резултатите.

Ѓеорѓијев вели дека сите одделенија во Клиничка болница работат нормално, се извршуваат сите операции, а пред две неделни на одделот за Очни болести почнаа и оперативните зафати за катаркта или народски позната како „перде“. Забележа дека како и секоја година во јули и август, хирурзите не извршуваат оперативни зафати за кила и жолчка, а  овие зафати, кои можат и да почекаат ќе стартуваат кон крајот на август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот кој Сиљановска-Давкова го доби од Ердоган патува преку дипломатска пошта, таа нема да го користи, велат од кабинетот

Дејан Дејан

Психолог и социјален работник предложени за членови на Советот за граѓански надзор врз прислушувањето – кандидатка е сопруга на директор на театар

Дејан Дејан

Рачна бомба фрлена кон ресторан во тетовско, две лице се повредени во експлозијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе