Владата на вечерашната седница донесе одлука на „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино да и додели статус на стратешки инвеститор – „Фабрика за производство на зелена енергија“ и врз основа на утврденото дека проектот ги исполнува условите согласно Законот за стратешки инвестиции да се стекне со статус на стратешки инвестиционен проект.
Претходно дел од жителите пак реагираа на ваквата намера на владата, на неколку километри од Неготино да се гради новата гасна централа за горење отпад. И локалните еколошки организации се сомневаат бидејќи во државата главно не се остварува она што ќе се нацрта во проект.
Еколошките сомнежи ги дополнува и тоа што досега најсериозниот и најаскап еколошки проект, во вредност од 336 милиони евра, ќе биде дебитантска активност за домашниот инвеститор, иако од владата најавуваат ригорозна контрола.
