СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Д. од селото Злетово, пробиштипско, под сомнение дека измамил едно лице за 860.000 денари, наведувајќи го да изврши 18 парични уплати кон лица во странство.
Според полицијата, измамата се случувала во периодот од 20 август 2024 до 15 јануари 2026 година. Пријавениот, како што информираат од МВР, лажно прикажувал факти и го довел оштетениот во заблуда, по што тој преку сервис за брз трансфер на пари извршил 18 уплати кон лица во Индонезија, Турција, САД и Индија.
Со тоа, според пријавата, лицето било оштетено за вкупно 860.000 денари или 14.000евра.
Против М.Д. е поднесена кривична пријава за измама.













