Вести Македонија Топ вести

По двајца од четворицата повратници од Сирија и Ирак се трагало 6 години

Веќе 6 години обвинителството за организиран криминал и корупција чекало двајца од 4 -цата повратници од Сирија и Ирак, кои беа донесени завчера во земјава. Тие биле опфатени со истрагата Ќелија – 1, која обвинителството ја отвори уште во 2015 та година, но не биле достапни за него. Поради ова, во меѓувреме истрагата за нив била сопрена. Останатите двајца пак се дел од други две истражни постапки. Имало кривични пријави за нив од Обвинителството и тоа во мај и ноември 2020. Исто како и за претходните двајца, и за овие била определена мерка притвор во отсуство, па биле распишани национални и меѓународни потерници. И за нив истрагата била сопрена, бидејќи не биле достапни.

Четворицата повратници се наоѓаат во притвор и во наредниот период, за да се преиспитаат наводите од барањата за определување на мерката притвор, ќе бидат изведени пред судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје.

 Од обвинителството за Телма велат дека за пет жени и 14 деца, кои исто така беа вратени, за сега нема никакви кривични пријави од МВР врз основа на кои би се отворила истрага. Дел од децата според информациите на Телма се родени на боиштата. Вчера од Владата информираа дека доколку не се утврди дека учествувале во странска војска тогаш ќе се работи на нивна рехабилитација.

Акцијата за враќање била спроведена со помош на Американската амбасада. Ова не е прво враќање во земјава на македонски борци на ИСИС. Во август 2018 година се вратени 7 лица, во февруари лани едно лице  и во март лани во земјава пристигнаа 3 жени.

Стејт департментот уште пред две години информираше дека Главната безбедносна закана во Македонија се повратниците од ИСИС и ниските казни за учесниците во странски терористички организации. До тогаш бројот на луѓе кои се приклучиле на терористички групи беше 156. Денеска за враќањето на дел од нив молчат и од Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и од владата.

Билјана Николовска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За пари од осигурување лажно пријавиле сообраќајка, „Безбеден град“ ги откри

Kristina Kuzmanovski

Генералниот секретар на Интерпол: Maкедонија е важен партнер во борбата против организираниот криминал

Tea Dimkovska

Германија ќе набави американски ракети „Tомахавк“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе