Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворицата уапсени за двете убиства се снимени со камери, доаѓале со возило, се паркирале и чекале

/

Македонија

Сподели преку :

Сакале да ги ограбат, а притоа и ги убиле. Четири лица се уапсени во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во скопската општина Ѓорче Петров. Телма дознава дека уапсените при распитот во станица ги признале делата. Извор од истрагата за Телма вели дека во едниот напад учествувале двајца, а во вториот тројца. Четвртиот уапсен  бил возачот кој ги превезувал, кој се бранел дека не знае што планирале и правеле неговите патници. Во автомобилот на осомничениот возач се најдени траги поврзани со разбојништвата односно јакна и други предмети, а како што дознаваме и во домовите на жртвите се најдени и ДНК траги кои се поврзуваат со уапсените.

„СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026.“, соопштија од МВР.

На 22 октомври 62 годишник беше пронајден мртов во неговиот дом со знаци на насилство. Телма дознава и дека осомничените биле фатени на видео камера на една од соседните куќи. Соседите велат дека истиот ден бил направен обид за грабеж и во куќа на соседната улица, во која не живеел никој.

На 27 месецов, 76 годишна жена беше пронајдена од нејзината ќерка без знаци на живот и со исто така видливи траги на насилство.

Инаку уапсените позади своето име и презиме, според информациите, имале и други кривични дела, односно тешки кражби. Од МВР не откриваат детали само најавија дека по собирањето на доказите ќе поднесат соодветна кривична пријава. Од обвинителството потврдија дека со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор.

Jumbo 2