Првите луѓе на ММФ и Светска Банка се загрижени за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот, особено кога станува збор за младите луѓе.
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд го опиша доаѓањето на вештачката интелигенција како „бавно цунами“ чии последици постепено ќе се шират низ пазарот на трудот. Според неа со влијанието на вештачката интелегенција, работните места или се зголемени, или се деградирани, или се елиминирани.
-Цунами со бавно движење, но сепак цунами. Влијанието со текот на времето врз работните места на глобално ниво го проценуваме на околу 40% – работните места или се зголемени, или се деградирани, или се елиминирани, а веќе гледаме дел од ова влијание, изјава Кристалина Георгиева, директорка на ММФ.
Таа предупреди дека помалата изложеност на посиромашните земји не е предност, туку делумно ја одразува побавната достапност и примена на технологијата.
Владите мора да соработуваат со приватниот сектор за да ја овозможат првата работа што е изложена на ризик, за да се избегне интензивирање на конкуренцијата меѓу младите дипломци и губење на вештини за една година, порачува претседстелот на Сингапур, зборувајќи на годишните состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок.
-Владите мора да се вклучат во приватниот сектор за да ја овозможат таа прва работа, да го овозможат тој пат до првото скалило на вашата кариера. Не можете да си дозволите да го изгубите тоа, бидејќи ако го изгубите тоа, не само што ќе ја имате таа група млади луѓе кои чекаат една година, а потоа ќе се натпреваруваат со следната група следната година, туку ќе изгубите и повеќе од една година вештини, вели Тарман Шанмугаратнам, претседател на Сингапур.
Тој исто така исто така го потенцира и фактот дека во САД побарувачката за високообразовани дипломирани студенти опадна за прв пат по еден век, додека во исто време премијата за плата што традиционално ја носат универзитетските дипломи значително се намали.
ММФ, исто така, предупредува за проблемот со даноците. Односно вештачката интелигенција би можела да го промени и начинот на кој државите собираат приходи. Бидејки, даночните системи традиционално во голема мера се потпираат на приходите поврзани со работата.
Првиот човек на ФЕД пак Кевин Ворш, вети дека ќе обезбеди стабилност на цените.
-Во Федералните резерви, јасно ставивме до знаење дека ќе обезбедиме стабилност на цените и отстранивме доза на прилагодување пред околу еден месец, изјави Кевин Ворш-ФЕД.
Претседателот на Светската банка, Аџај Банга, исто така предупреди за обемот на демографскиот предизвик што се случува истовремено со технолошките промени.
Во следните 15 години, околу 1,2 милијарди млади луѓе во земјите во развој ќе ја достигнат возраста за влез на пазарот на трудот.
Според сегашните проценки, овие економии би можеле да создадат само околу 400 милиони работни места во истиот период.
Банка порачува дека државите имаат важна улога во создавањето инфраструктура, образование и деловна средина, но дека повеќето работни места се создаваат од приватниот сектор.
Според него, приватниот сектор создава помеѓу 75 и 85 проценти од работните места во одредени економии.
Дека работоспособното население е во трка со вештачката интелегенција, потврди и Георгиева која развојот на ВИ го спореди и со Формула 1, истканувајки дека регулативите и бариерите за заштита не се во чекор со напредокот.
-Па, големото прашање е, како може да има заштитни бариери на нешто што се движи толку брзо. Се обидував да смислам што е добра аналогија за тоа што се случува. И можеби е трка во Формула 1. Ние се тркаме и прашањето е како да поставиме бариери за ако автомобилот излета, да не убие луѓе? Како да се осигураме дека постои некаков безбедносен стандард што ќе ве натера да ги возите кривините повнимателно за да немаме повеќе судири? Ова сè уште не се прави и имам голема почит кон индустријата. Мислам дека она што го правите е неверојатно важно за човештвото. Можеби ни го давате најголемиот подарок, но ако автомобилот прегази луѓе, тој подарок можеби нема да биде толку вреден, истакнува Георгина Кристалина.
Сепак, никој сè уште не може со сигурност да предвиди како ќе изгледа пазарот на трудот за пет години. Се препорачува мерките што некои влади ги користеа за време на пандемијата и глобалната финансиска криза за да ги охрабрат компаниите да вработуваат млади луѓе, повеќе да се гледаат само како кризни интервенции туку би можеле да станат дел од долгорочните политики што им обезбедуваат на младите луѓе прва шанса на пазарот на трудот.












