Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се избира нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка се петмина обвинители

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска ќе се знае кој ќе раководи со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во следните четири години.

Во трка за оваа функција се двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство Скопје – Јован Цветановски и Трајче Пеливанов, обвинителката од Основното јавно обвинителство Скопје – Лидија Раичевиќ, и обвинителите од ОЈО ГОКК – Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Новиот раководител ќе треба да се соочи со клучните предизвици во борбата против корупцијата, организираниот криминал и перењето пари, како и со зајакнувањето на независноста и ефикасноста на институцијата.

 

Jumbo 2