Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата по амандманите на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, за кој се поднесени вкупно 124 амандмани.
На собраниска седница вчера пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите за потребата од измените, буџетското планирање и финансирањето на развојните проекти.
Од владејачкото мнозинство оценија дека ребалансот е одговор на променетите економски услови и дека се задржува поддршката за социјално ранливите граѓани, здравството и општините.
Од опозицијата, пак, предупредија дека вториот ребаланс во текот на годината отвора прашања за реалноста на првичното буџетско планирање.
Опозициските пратеници оценија дека намалувањето на приходите и капиталните расходи може да ги загрози развојните инвестиции и побараа појаснување за последиците од измените.

Нови 70 милиони евра кредит за покривање на буџетските потреби. Владата донесе одлука за долгорочно задолжување кај Шпаркасе банка. Одлуката е објавена и на страницата на Владата и во базата на правни акти. Под кои услови ќе бидат земени парите, треба да стои во договорот меѓу државата и банката. Покрај задолжувањето на меѓународните пазари, но… Продолжи со читање













