Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За влез во Србија се чека и по еден час – засилени проверки пред утрешните избори

/

Македонија

Сподели преку :

( Фотографијата е илустрација)

На границата за влез во Србија од Македонија забележана е поголема колона и потешко пропуштање на возилата.

За влез денеска се чекаше и повеќе од еден час, бидејќи полицајците прават невообичаено долги проверки на возилата.

Утрово за влез во Србија чекаа и македонските новинарски екипи. Тимот на ТВ Телма кој замина во Србија да известува за утрешните избори беше пропуштен по речиси еден час чекање.

Утре во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори по двегодишните протести во земјата организирани од студентите.

 

 

Jumbo 2