Српски државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако системот „Безбеден град“ го евидентирал како сторител на кривично дело поради возење со брзина повеќе од двојно над дозволената.
Како што информира МВР, 39-годишниот М.П. бил приведен вчера во 16 часот, при излез од државата. При проверка на патничкото возило „баик“ со српски регистарски ознаки што го управувал, полицијата утврдила дека на 15 јули годинава, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, возел со брзина од 166 километри на час, на делница каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Тој бил спроведен и задржан во Полициската станица Неготино. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.













