Обвинителството во Велес соопшти дека гони едно лице за измама и надрилекарство, под сомнение дека на пациенти им нудело лажни вакцини за да прибави противправна имотна корист. При претрес на неговото работно место биле одземени електронски уреди и пронајдени докази што ќе се вештачат.
Според претходни медиумски објави, семејства тврдеа дека за терапијата плаќале и по 3.200 евра, а се сомневале дека наместо вакцина, им бил аплициран физиолошки раствор.
Телма објави и дека велешанецот претходно бил поврзуван со сомнежи за измама околу проект за парк за лица со попреченост во Охрид. Обвинителството побарало одземање на патната исправа и задолжително јавување во судот. Истрагата продолжува, велат од обвинителството.













