Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нафтата надмина 112 долари за барел

/

Економија

Сподели преку :

Цената на суровата нафта „брент“ надмина 112 долари за барел, откако инвеститорите се загрижија за можна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и обновување на американските напади врз Иран.

Американската нафта ВТИ, пак, се искачи на речиси 100 долари за барел, достигнувајќи највисоко ниво во последните пет недели. Загриженоста се зголемува по извештаите за планови на американските и израелските воени сили за можна кратка и интензивна операција против Иран.

Дополнителна безбедносна неизвесност предизвикуваат нападите врз саудиски цели, вклучително и нафтеното поле Шајба, како и одлуката на Вашингтон да им нареди на своите службеници и нивните семејства да ја напуштат Саудиска Арабија.

Иако извозот на сурова нафта преку Ормускиот Теснец се зголемува, испораките на рафинирани нафтени производи и натаму се ограничени.

Тоа ја засилува загриженоста за глобалните енергетски резерви, додека растот на цените е под влијание на стравувањата од нови воени судири во регионот.