Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

/

Топ вести

Сподели преку :

Денеска во Свети Стефан, Црна Гора, се одржува Самитот на Берлинскиот процес, на кој учествува и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Домаќин на самитот е црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, а меѓу најавените учесници е и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во фокусот на разговорите се економското поврзување на земјите од Западен Балкан, зголемувањето на регионалната конкурентност, безбедноста и забрзувањето на интеграцијата во Европската Унија.

На главната сесија, Мицкоски ќе ги претстави македонските ставови и можности во областите на економијата, безбедноста и европските интеграции.

Самитот е завршен настан од едногодишното претседавање на Црна Гора со Берлинскиот процес, иницијатива чија цел е зајакнување на регионалната соработка и поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.