Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење „Лотарија“: Конкретна одлука за ВЛТ не сме донеле, за тоа разбрав од медиумите, сведочеше Најданов

/

Македонија

Сподели преку :

УО на Државна лотарија не донел одлука поврзана со потребата за набавка на ВЛТ апарати, сведочеше Христа Најданов кој бил член на одборот од 2017 до 2024 година,  именуван од владата на предлог на партијата ДОМ  .   Тој бил дел од управниот одбор две години и во времето на екс  директорот Перпарим Бајрами но на неговата претходничка Катица Николовска-Парнакова која според сведокот била резервирана за прашањето Лотарија самостојно да организира електронски игри на среќа.

  • Посебна точка на дневен ред  за потребата за набавка на ВЛТ  колку што се сеќавам немало. Конкретна одлука за ВЛТ не сме донеле. За тоа разбрав од медиумите подоцна. Директорот и вработените зборуваа дека има потреба од набавка на ВЛТ бидејќи во таа насока ќе се одвива работењето на компанија – Христа Најданов, сведок.

Сведокот потврди дека набавката на нови ВЛТ-апарати била предвидена во финансискиот план за соодветната година. Објаснуваше и дека  од   2021 година, дневниот ред и дел од материјалите почнале да ги добиваат  електронски а не како претходно кога состаноците на УО со физичко присуство.

  • Се случуваше поради итност материјалите да бидат испратени наутро, а од нас да се очекува да се произнесеме до попладне. Понекогаш немав доволно време студиозно да ги разгледам материјалите. 99 % од одговорите на членовите најчесто беа позитивни. Немавме секогаш можност да се обратиме до надлежните служби за дополнителни објаснувања – рече Најданов.

Според одбраната на Бајрами  електронското одлучување во рамки на УО на Лотарија  било поради пандемија а одлуката била согласно законот за трговски друштва  и статутот на Лотарија

  • Сведокот и рече дека не се сеќава дека таква одлука и материјали за таква одлука биле доставени и донесени. Тоа што тој не се сеќава е една работа. Но, сите тие се потврдени со оние одлуки кои тие ги донеле при донесувањето на финансиските планови и планот за јавни набавки е нешто што го донесува Управниот одбор и исто така се донесени одлуки и во тој дел. Така што во конкретниот случај постои и одлука на Надзорниот одбор, донесена со повикување на член  33 од Статутот,  во кој тие имаат право и обврска за контрола и одлучување и де фекто тие донесуваат одлука тоа да се спроведе – Еленко Миланов.

Овој сведок е трет од вкупно 7 сведоци на обвинителството кое претходно ги изведе и материјалните докази. За злоупотреба одговараат екс директор на компанијата Перпарим Бајрами, екс вицепремиерот Артан Груби, поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски и 5-мина од надзорниот одбор на Лотарија.

Елена Ивановска Мукска

Jumbo 2