Македонија Топ вести

Утре започнува вакцинацијата на деца  од 12 до 16 години

На трите поликлиники во Скопје –  Букурешт, Јане Сандански и поликлиниката Чаир утре започнува вакцинацијата на деца од 12 до 16 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Пунктовите и понатаму се отворени за вакцинација на сите категории на граѓани без закажани термини.

Термините за децата почнуваат од 8 часот наутро. Лекарските тимови се од постоечките вакцинални пунктови кои имаат искуство со имунизација на деца. До сега се пријавени 1800 деца за имунизација на ниво на цела држава. Вакцинацијата на деца по насоки на Комитетот за вакцинација, односно имунизација ќе биде со вакцината „Фајзер“. Апелираме за масовна вакцинација на сите граѓани се со цел да обезбедиме поголемо ниво на имунизација кај населението – проф. д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.

За ефикасноста и безбедноста на Фајзеровата вакцина во заштита на децата говори и фактот дека официјално ја одобри и Европската агенција за лекови. Со почетокот на учебната година доколку се има предвид социјализацијата која е важна за менталното здравје на децата, подеднакво е важно да бидеме свесни за улогата на имунизацијата.

Иако знаеме дека децата генерално се чувствителни за овој вирус, го поминуваат со лесна клиничка слика и во мал број бараат хоспитализација и тешки форми на ковид 19. Меѓутоа играат важна улога во пренесувањето на вирусот на домашните и со оглед на тоа дека знаеме дека од септември се планира почнување на школската година важно е децата да се вакцинираат за Ковид 19, да се заштитат себе и своите домашни членови – проф. д-р Катарина Ставриќ, Клиника за детски болeсти.

За децата со хронични заболувања кои што се во стабилна состојба подеднакво е важно да се вакцинираат.

Затоа што знаеме дека токму оваа група доколку дојде до инфекција со SARSCoV2 вирусот може да има тешки последици по нивното здравје – проф. д-р Катарина Ставриќ, Клиника за детски болeсти.

Ставриќ со апел и до младите над 18 години, посебно до студентите, имајќи го предвид физичкото присуство на факултетите да се вакцинираат во што поголем број, затоа што играат важна улога во трансмисијата на вирусот и треба да бидат имунизирани.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе