Четириесет и двегодишен охриѓанец е осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одзела компјутер и видеоснимки со експлицитни содржини.
Претресот бил извршен вчера кога полицајци нашле и одзеле деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија.
По пронаоѓањето на материјалите, осомничениот А.Д. бил лишен од слобода. Судија на претходна постапка му одредил притвор во траење од 30 дена.
Против него, Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднел кривична пријава за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во член 193-а од Кривичниот законик.













