Македонија Топ вести

Може ли да се спречи злоупотребата на отпечатокот од прст на изборите?

При гласањето со отпечаток од прст мора да се примени високо ниво на технички мерки и анализа на ризик. Само така, шансите за злоупотреба на податоците на граѓаните ќе бидат сведени на минимум, сугерираат од Агенцијата за заштита на лични податоци, по сомнежите кои се појавија во јавноста за фирмата која е избрана на тендерот за набавка на биометриски апарати.

„360 степени“ објави дека компанијата „Дермалог„,која е одбрана од  ДИК на тендерот за набавка на биометриските апарати, има проблематично искуство со изборите во Авганистан пред две години. Конечните официјални резултати се објавени пет месеци по изборите поради конфликтните податоци за бројот на тие што гласале, како и бројот на валидни и на поништени гласови. Најспорна била разликата во првично соопштениот број за излезност од околу 850 000 гласови. Серија несовпаѓања имало и околу бројот на оние што гласале повеќепати, па нивниот глас е поништен, како и за бројот на оние чиј глас е прогласен за неважечки поради други проблеми.

Тоа е единственото изборно искуство на „Дермалог“, која е  најголема германска компанија во областа на биометриска идентификација, но на нивната интернет страница нигде не се спомнува дека работеле и во Авганистан. Работеле на биометриско банкарство во Нигерија, на лични карти во Брунеи, на инсталација во Камбоџа, лични карти во Бразил, пасоши на Малдиви, гранична контрола во Сингапур, возачки дозволи на Филипини.

На тендерот се пријавени четири компании, но Комисијата за јавни набавки во ДИК, оценила дека германската компанија дала најдобра, односно најевтина понуда.Одбиените компании се од Македонија, Босна и Венецуела. Претседателот на Комисијата, Оливер Ристевски, денеска не беше достапен да одговори на нашите прашања, зошто токму таа компанија е избрана. Претседателот на ДИК, пак, не сакаше да даде изјава додека  постапката не заврши и официјално. Вели дека проверките на компанијата ги вршеле од Комисијата за јавни набавки.

По изборот на „Дермалог“, тече рокот од 10 дена за жалби. Поради кратките рокови, доколку само една од одбиените компании се жали, нема да има нов тендер и на локалните избори нема да се гласа со отпечаток од прст.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе