Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сведок за „Државна лотарија“: Материјалите се разгледуваa набрзина

/

Македонија

Сподели преку :

На денешното рочиште за Државна Лотарија сведочеше поранешен член на Управниот одбор именуван од Владата во 2017 година, по предлог на партијата ДОМ, до февруари 2024 година. Тој посочи дека во периодот кога бил директор Перпарим Бајрами, седниците првично се одржувале со физичко присуство, но од 2021 година, дел од материјалите почнале да се доставуваат електронски.

„Некогаш материјалите беа испратени наутро, а ние требаше да одговориме до попладнето. Немав секогаш време студиозно да ги разгледам, а во 99 проценти од случаите одговорите на членовите беа позитивни“, сведочеше Христа Најданов.

Тој посочи дека во такви ситуации немале можност да се обратат до службите за дополнителни објаснувања за материјалите што им биле доставени.

Во однос на постапката за набавка на ВЛТ терминалите, сведокот рече дека, колку што се сеќава, претходно се подготвувале вештачења и елаборати за исплатливоста на формирањето ново друштво кое би се занимавало со видеолотарија, односно видеоигри.

Според неговите сознанија, терминалите требало да се користат за организирање na електронски игри на среќа. На прашањето дали Управниот одбор расправал за потребата од набавката, сведокот одговори дека колку што се сеќава, не расправале и немало таква точка на дневниот ред.

Во овој предмет за злоупотреба на службената положба обвинети се екс вицепремиерот Артан Груби, eкс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, екс генералниот секретар на владата, Методија Димовски и уште петмина од надзорниот одбор на компанијата.

Jumbo 2