Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетовец ја истепал сопругата, па сам се пријавил во полиција

/

Македонија

Сподели преку :

Жена од Тетово пријавила дека била физички нападната од сопругот во нивниот семеен дом по претходна расправија.

Според пријавата, инцидентот се случил на 19 октомври околу 20 часот. Жената, на возраст од 42 години, случајот го пријавила во СВР Тетово истата вечер, во 23:20 часот.

Неколку часа подоцна, во полициската станица се пријавил и нејзиниот 37-годишен сопруг, кој бил задржан.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Jumbo 2