Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителите бараат да се укине кратењето на коефициентите за плати

/

Македонија

Сподели преку :

Ново писмо до комшиите во Уставниот суд испратија од Здружението на јавни обвинители со порака конечно да одлучат по повеќе од 8 месеци од поднесувањето, да покаже слух за аргументите зошто собранието не смее по третпат да ги намалува коефицинетите за плати во обвинителството. Уставниот суд иако најави, не одлучи поради дополнителни консултации на седницата на 23-ти септември да не гласа иако сличен предлог за редовните и за уставните судии е прифатен уште во март. Сега има диспаритет меѓу платите на судиите и обвинителите, а Уставниот суд кога поведе постапка утврди дека пратениците односно законодавецот  „навлегол во уставно загарантираната независност и самостојност на јавното обвинителство, а го доведува во прашање и остварувањето на правото на вработените на соодветна заработувачка.“

„ Прашањето е пошироко, дали јавното обвинителство ги има сите ресурси да ја извршува својата уствана функција независно, професионално и ефикасно. Недостигот од кадар, недостигот на ресурси, напуштањето на дел од вработените доведува до ситуација да се влијае на ефикасноста на постапките а со тоа и заштита на правата на граѓаните“, рече Елвин Вели, претседател на здружение на јавни обвинители

Од Уставниот суд остануваат на ставот дека за одлука е потребен целосен состав на судот бидејќи во моментот има 8 судии, а кога се одлучуваше првпат резултатот беше нерешен 4:4 и потребен е 5-ти глас за да има одлука дали собранието изгласало противуставен закон или не.

Пред мартовското пресметување на функционерските, судиските и обвинителските плати – владеачкото мнозинство изгласа закон со кој трета година во низа се намалија коефициентите за плати за да се избегне поголемо зголемување на нивните плати. Но и судиите и обвинителите со претставки бараат поништување бидејќи се чепка независноста и ефикасноста на правосудството.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2