Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична за екс директорот на АД Пошта Јани Макрадули, кој тврди дејствувал чесно

/

Македонија

Сподели преку :

Кривична пријава против Јани Макрадули, поранешниот генерален директор на АД Пошта поднесе Финансиска полиција бидејќи не исплатил над 313 илјади евра на две фирми и со тоа направил штата на друштвото од околу 178 илјади евра од затезна камата. Макрадули во периодот од 2021 до 2022 година, според пријавата, постапил спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва и не преземал дејствија за реализија на одлуките и заклучоците на Управниот одбор за исплата на парите.

„И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање. Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата.“, велат од  Управата за финансиска полиција.

Макрадули за Телма вели дека законитоста и јавниот интерес од секогаш биле основни начела на неговото дејствување како Претседател на управниот одбор на Пошта АД. Според него, се работи за колективно тело каде што одлуките се носат со гласање.

„Во документацијата јасно се гледа мојата интенција за надминување на спорната ситуација, каде што евидентни се дивергентните ставови и погледи на различните сектори по однос на спорните фактури. За време на мојот мандат не сме успеале да најдеме консензуално решение на прашањето дали треба да платите фактури и потпишете спогодба во состојба на отсуство на правен основ – во конкретниот случај договор за јавна набавка. Потенцирам дека цитираните фактури за мене беа затекната состојба за период пред моето назначување и јас сум делувал во согласност со начелото на совесност и чесност. Од тие причини убеден сум дека не постои никаква противправност во моите дејствија и не чувствувам никаква одговорност.“, рече Јани Макрадули

Макрадули се гони за „Злоупотреба на службената положба и овластување”. Макрадули беше директор на друштвото и претседател на Управниот одбор од крајот на 2020 година до април 2022 година.

Марија Митевска

 

 

Jumbo 2