Иако се чини дека инфлацијата е релативно стабилна и во септември изнесува 2,7% на годишно ниво, сепак поскапувањето кај некои прехранбени производи е доста поголемо. Месото е поскапо за 6,4%, млекото, млечните производи и јајцата за 3,6%, а маслата и мастите за 7,1%.
Од друга страна, сведочиме на реструктурирање на пазарот во делот на големите трговски ланци преку спојување, преземање или влез на странски играчи. Анализираме што значи тоа за трговците, дали зголемената конкуренција може да доведе до намалување на цените на секојдневните прехранбени производи, но и дали постојат ризици за домашното производство.
Раскажуваме приказна и за животниот пат на јаболкото од преспанските овоштарници до трпезата, за што се потребни години грижа, месеци работа и многу неизвесност.
Анализираме и како да се намали увозната зависност на Македонија за храна, којашто расте од година во година. Државната статистика пресмета дека во периодот од јануари до август годинава увозот на храна изнесува 736 милиони евра, што е скоро двојно повеќе од извозот, чија вредност е 380 милиони евра.













