За бранот протести во Европа вечерва анализа во вестите на Телма со Универзитетскиот професор Александар Спасов. Професорот исткна дека во случајот конкретно на Албанија сите проблеми настануваат како објективни проблеми од домашни промашувања.
Според Спасов тоа се користи од странски сили, особено во држави со слаби институции, генерално слаба демократија, слабо функционирање на правната држава. Тој додава дека различни сили кои што немаат добри намери околу Балканот ќе се обидат да ја искористат таа состојба и да го свртат текот на работите во своја страна.
Професорот во анализата додава дека Рама е во право дека ова е рекација на забрзаниот пат на Аланија кон ЕУ, но сепак тоа не оправдува се, односно не е оправдување за промашувањето и недостатоците на домашната политика.













