Задолжителните мамографски прегледи се превентива за ракот на дојките. Во рамките на кампањата за Розовиот октомври лекарската фела испраќа порака навремената дијагностика и соодветните третмани се клучни во борбата со карциномот на дојка. За штипјанката Виолета Ефтимова на коа и бил дијагностициран рак на дојката кон крајот на 90-тите години дијагнозата не значела и крај на животот, туку тешка битка. Таа ги охрабрува жените да не губат надеж.
-Да не се затвараат дома, туку да си најдат одишка на својата душа. Еве јас се пронајдов во културно-уметничките друштва, во играорна повеќе од 10години сум, со песна. Знаете со песна не може да бидеш нерасположен. Инаку дома ќе ти се врти таа мисла за болеста, а знаеме дека ракот на дојка е излечива болест, ако рано се открие вели Виолета Ефтимова, поранешна пациентка.
Секојдневното чекање за испитувања носи голема неизвестност кај пациентите, но и опасност болеста да прогресира.Во штипската Клиничка болница се отвори новиот мултидисциплинираниот центар за дојка, кој треба да овозможи побрза дијагностика.
-Знаеме дека ракот на дојката е излечива болест ако се открие навреме. Затоа, сите жени треба редовно да ги прегледуваат дојките. Ако болеста се открие рано, шансите за успешно лекување се многу поголеми. Тоа не е болест што не може да се лекува и не значи дека е крај, вели Ефтимова.
Според статистиката на Министерството за здравство годишно на 1.000 жени им се дијагностицира рак на дојката.
Викторија Јованова













