Цената на струјата нема да се менува, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека и сегашните 65 евра се малку, но уверува дека се труди и во иднина да остане иста.
Останатите енергетски компании веќе ги доставија своите пресметки до регулаторна, според кои ќе треба да се утврди цената за пренос и дистрибуција, но какви сметки ќе плаќаат граѓаните од 1-ви јануари зависи од ЕСМ.
„Приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност во време кога цените на горивата во Европа уриваат рекорди. Се бориме цената да остане иста, да нема поскапување“ рече Мицкоски.













