93,7 проценти од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, покажуваат податоците за користењето на информациско-комуникациските технологии во домаќинствата и од поединците на Државниот завод за статистика.
Во истиот период, првото тримесечје од 2026 година. 91,2 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома.
Податоците укажуваат на широко распространета употреба на интернетот и дигиталните услуги во секојдневниот живот на луѓето.
Интернет неколкупати во текот на денот користеле 81,2 проценти од населението, а исто толкав процент, нарачале или купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.
Во косистењето на ИКТ најголемо учество од 93,5 проценти има телефонирањето преку интернет и видеоповиците. Најголемо учество од 88.4 % има размената на пораки, главно преку Skype, Messenger.













