Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Меморија“ со голем концерт во арената „Јане Сандански“ на 23 октомври

/

Култура

Сподели преку :

На 23 октомври во арената „Јане Сандански“ во Скопје, поп рок групата „Меморија“ ќе одржи голем концерт. На концертот, кој ќе биде музички времеплов низ македонската рок сцена, ќе настапат повеќе македонски музички ѕвезди.

„Јас овојпат не би говорел многу за концертот, затоа што тој има една историска вредност, бидејќи на овој концерт ќе бидат опфатени работи од времето на „Бис Без“ со „Дал да плачам ил да пеам“, преку нашите колеги Томче еве го гитаристот од „Бон Тон“, да го поздравиме Томче со „Добрите девојки не го прават тоа. Потоа ќе следи од помладата генерација Давид Темелков, кој ќе го отвори концертот заедно со Сара која ќе свири на виолончело. Нашиот генерациски другар Игор Џамбазов со „Хотел Македонија“ заедно со нас ќе ја отпее во чест на нашиот пријател Тоше Поп Симонов, Бени Шаќири со „Нон Стоп“ ќе ја пеат „Како по навика“, тоа е песна на Тоше автобиографска“, зјави Петар Георгиевски-Камиказа, основач и лидер на групата „Меморија“.

„Одлично е чувството што повторно ќе се видиме пред полна сала, за првпат еве во „Јане Сандански“. Особено е битен моментот кој нас сите посебно ни значи, затоа што концертот ќе биде на 23 октомври, Денот на револуционерната борба на македонскиот народ. Ние секако во добар дел од сите наши изведби и настапи сме покажувале и твориме во правец на тоа колку ни се битни тие големи датуми од нашата историја. И овој концерт ќе го правиме на еден голем датум за македонската историја“, рече Ристо Самарџиев. 

„Да ја промовираме и салата „Јане Сандански“, име од историјата на историски датум, историски концерт. Има за свирење три часа, тој списокот кога ќе го гледате не се досвирува. Да се видиме таму и да уживаме сите во тоа што е создадено сите изминати години“, рече Мите Димовски. 

Н.С.