Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски во Дубаи: Од март три лета неделно за Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Економската размена зависи од прилагодувањето на геополитичките прилики, беше посоченао на настанот на Светскиот економски форум во Дубаи, каде на сесијата „Трговија во светот кој се менува“, учествуваше и македонскиот шеф на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој во Емирати се сретна и со менаџментот на Флај Дубаи и беше потврдено дека од март догодина, оваа авиокомпанија ќе има три директни летови неделно на релација Скопје-Дубаи. Муцунски при својата презентација на форумот порача дека посебен акцент во економската соработка треба да се стави на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста на трговските рути.

„Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Сметам дека на овој начин треба да гледаме напред. И многу значи отпорноста. Како претставник на помали држави, јас верувам и верување на нашата влада е дека  државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови. Затоа и нашите најголеми инвестиции како влада се во стратешките коридори“, рече  Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

 

Jumbo 2