Париз, 1930 година. Пол, сираче кое пораснало зад ѕидовите на строг дом за деца без родители, е испратено во живописната Солоња, каде што треба да живее со добродушната Селестин и нејзиниот сопруг Борел, чувар на огромен шумски имот. За Пол започнува сосема нов живот – исполнет со шуми, езера, животни и тајните на природата.
Набргу се спријателува со Тоточе, искусен и слободољубив човек кој живее во хармонија со природата. Под негово влијание, Пол ги открива убавините на дивината и учи лекции што не можат да се најдат во ниту едно училиште. Но, зад мирот на имотот се крие голема семејна тајна, а Пол постепено сфаќа дека неговото доаѓање во Солоња не било случајно.












