Почина 66 годишна жена од западнонилска треска. Таа е 11 жртва на вирусот. Уште еден пациент е во критична здравствена состојба. Тој повеќе од еден месец е на интензивна нега на Клиниката за инфективни болести.
Новозаболени граѓани нема. Доколку продолжи овој тренд се очекува надлежните да означат крај на епидемијата.













