Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во текот на денот ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој на некои места ќе надминува брзина од 60 km/h.
Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 13.10.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
1 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Берово, 8 Битола, Охрид, Претор, 9 Прилеп, Крива Паланка, 10 Куманово, Струмица, Тетово, Виница, 11 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 12 Демир Капија, Скопје-Петровец, Велес, 14 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
3 Претор, 1 Битола.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!












