Вести Македонија

ДКСК бараше да не го потпише -Пендаровски експресно стави потпис на специјалниот закон за изградба на автопатите

За Антикорупционерите правен преседан – за Пендаровски донесен со ниту еден пратенички глас против.  Антикорупциска утринава побара од Претседателот да не го потпише, тој пак без да го дочека нивното мислење  –  стави потпис на Указот за специјалниот закон со кој  пратениците вчера дадоа зелено светло владата со директна спогодба без тендер да склучи договор со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10.

Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник, или пратеничка група не гласале против.  Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти.- велат од кабинетот на Пендаровски.

Антикорупциска утринава алармираше дека законот е противуставен и е правен преседан бидејќи за конзорциумот нема да важи домашното законодавство. Предупредија – дека има висок ризик од корупција и судир на интереси. А правните празнини во него дека отвораат пат за политичко влијание и тргување со моќ. Потенцираа и дека  – нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости и сплеткарења.

Суспендирањето односно исклучувањето на другите закони, како што стои во самиот закон кои претставуваат позитивно право на РСМ претставува законодавно-правен преседан со кој сериозно се загрозува владеењето на правото како една од темелните вредности утврдени во Уставот на РСМ како и правната сигурност како предуслов за економски напредок и развој. Ваквиот законодавно-правен преседан во никој случај не е и не може да се третира како јавен интерес.

Спорно за нив е експересното носење на законот по скратена постапка, нетранаспарентноста, изборот токму на тој конзорциум, ослободувањето од одговорност.

Самиот овој закон кој што веќе е донесен всушнст претставува оживување реализација на меморандумот за соработка што владата веќе го имаше потпишано со  оваа компанија. Останува и натаму нејасно како е токму оваа компанија е избрана за стратешки партнер Бехтел и Енка.

 

По седум години ни се повторува а ништо расчистено од претходното. Автопатот Кичево- Охрид веќе никој не знае кога ќе се заврши и што ќе се случи. А се зборуваше за финансиски реперкусии од 160 милиони евра. Ете сите ќе ги затвориме очите, за што, за да ни се повтори уште едно Синохидро.

Ивановска утринава кажа дека  има чувство дека  во борбата против корупцијата се сами. Очекуваше Пендаровски да не стави потпис, како што постапи со легализацијата на дивоградбите. Сега вели не се откажуваат- ќе одат до крај. Ќе го оспорат законот пред Уставен суд.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Груевски демантира дека становите на Водно некогаш биле негови – за Заев тврди дека тој не ги чувствува злоделата кои му ги нанел

Tea Dimkovska

Загина градежен работник во општината Гази Баба – паднал од височина додека извршувал градежни активности

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе