Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наскоро се очекува да профункционираат карго и патничките возови меѓу Прилеп и Битола

/

Македонија

Сподели преку :

Изградбата на автопатот меѓу Прилеп и Битола и користењето на стариот пат како алтернативна врска меѓу двата града создаваат сериозни проблеми во сообраќајот. Лошата состојба на постојната делница дополнително ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот, а сообраќајниот притисок се одразува и врз стопанството и врз граѓаните.

Како едно од можните решенија за растоварување на патниот сообраќај, министерот за транспорт, Александар Николоски, пред неколку месеци најави воведување карго и меѓуградски патнички железнички превоз меѓу Прилеп и Битола. Сепак, и покрај најавите, железничките линии сè уште не се ставени во функција.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска, Николоски изјави дека очекува карго и патничкиот железнички превоз наскоро да профункционираат. Се очекува воведувањето на овие линии да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж и да обезбеди дополнителна можност за превоз на патници и стока меѓу двата града.

Jumbo 2