Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Венко Андоновски меѓу добитниците на „11 Октомври“ за 2026 година

/

Македонија

Сподели преку :

Државната награда „11 Октомври“, највисокото признание за животно дело во Република Македонија, за 2026 година им се доделува на истакнати имиња од областа на културата, уметноста, науката и образованието.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата, со која се оддава признание за долгогодишниот творечки, научен и професионален придонес во дејностите од јавен интерес.

Во областа на културата и уметноста, добитник на наградата за животно дело е писателот и универзитетски професор Венко Андоновски, чие творештво остави значаен белег во македонската книжевност и култура.

За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на лингвистот проф. д-р Димитар Пандев, универзитетскиот професор Ѓулумсер Касапи и на проф. д-р Владо Поповски, доктор по историско-политички и правни науки.

Со ова признание се валоризира нивниот долгогодишен придонес во развојот на науката, образованието и општествената мисла во земјата.

 

Jumbo 2