Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација

/

Македонија

Сподели преку :

Повик за национално единство во исполнувањето на стратешките цели, достоинствено и со  „исправена глава“ како единствен услов за влез во ЕУ, борба за младите и идните генерации, борба против корупцијата, криминалот и сиромаштијата беа клучните точки во обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски по повод 11 Октомври  – Ден на народното востание.

Најголемата национална битка е битката за младите, да се запре иселувањето и изборот меѓу иднината и татковината, а мора да се смени и начинот на размислување бидејќи малите очекувања се погрешен избор.

Во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски испрати пораки до Бугарија и до Европската унија. Идентитетот и јазикот се македонското достоинство од кое никој никогаш нема да се откаже. Унијата и државите членки мора да ја третираат Македонија со должна почит како што тие се третирани.

Централната манифестација на прославата на 85 годишнината од 11 Октомври денот на народното востание се одржа во Спомен Костурницата во Куманово каде што почиваат 433 партизани и шестмина народни херои, од тука од Куманово, кои што ги положија своите животи за слободата на Македонија.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот „Жена борец“, на Могилата на непобедените во Прилеп а партиска делегација положи цвеќе и на Спомен Костурницата во Куманово.

„Европската интеграција не е проект на СДСМ, не е проект на една Влада, не е проект на една генерација. Тоа е децениски македонски стремеж за подобра иднина. За слободна праведна и европска Македонија за држава во која секој човек ќе има достоинство и иднина, рече Филипче“

Претседателот Филипче нагласи дека жртвата на борците од НОБ е вградена во темелите на македонската државност а СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните и на вредностите на антифашистичката борба.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2