Депонијата Краста нема да се затвора, и покрај барањата на жителите на околните села за нејзино дислоцирање и депонирање на отпадот на друго место. Градоначалникот на Куманово, по средбата на Општинскиот штаб, изјави дека во моментов нема услови за затворање на депонијата и апелираше да нема блокади.
– Ние како општински штаб ќе продолжиме активно да работиме на нејзино санирање во моментов, и ставање во функција. Во меѓувреме добивме барање од месното население да истата биде дислоцирана. Ние таква можност како општина немаме ниту пак постои можност на друго место согласно законот да се одлага и депонира смет освен на оваа локација на територија на Општина Куманово, вели градоначалникот максим димитриевски.
Димитриевски додава дека затворањето на депонијата Kраста може да се случи со изградбата на претоварата станица кои што е проект финансиран од ЕУ и кои што треба се реализира во следниот период, но зошто тоа не се случува прстот го впери кон министерството за животна средина .
Од животна средина пак за Телма тврдат дека во тек е постапка за избор на компанија која треба да го гради регионалниот центар во Свети Николе кој пак треба да ги реши проблемите од источна и југоисточниот дел на државата вклучувајќи ја и депонијата во Куманово. Изборот на компанија оди преку Европска комисија затоа што проектот се реализира со пари од Ипа програмата.
Протестот почна бидејќи жителите на околните села се жалат дека веќе шест месеци на депонијата има пожари и се шири неподнослива смрдеа.
Протестот почна бидејќи жителите на околните села се жалат дека веќе шест месеци на депонијата има пожари и се шири неподнослива смрдеа.
Со Депонијата Краста во моментов менаџира „Чистота и Зеленило“ – Куманово, од 1951 година.
Софија Бислимовски













