Премиерот Мицкоски не се соочи со екс обвинителката Ленче Ристоска на рочиштето во Граѓанскиот суд каде таа ја тужи ВМРО ДПМНЕ за навреда и клевета и беше предвиден распит на стрнаките.
Адвокатката на ВМРО ДПМНЕ кажа дека Мицкоски како законски застапник на тужената партија имал службени обврски.
Ристоска пак вели дека соопштението објавено на 14 октомври лани со наслов „Ристовска – тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картичка во служба на Заев и Груби“ било од партија на власт која во тој момент била засеганата во два предмета Талир 1 и 2 што ги предводеше како обвинителка.
Адвокатката на ВМРО ДПМНЕ, Ружица Николовска, пак, смета дека навредите се лична работа, а соопштението било од јавен интерес.













