Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вештачката интелигенција во училиштата – закана за критичкото размислување?

/

Македонија

Сподели преку :

Употребата на вештачката интелигенција е меч со две острици. Сè повеќе средношколци се потпираат на овие алатки за да го олеснат учењето, но ретко кој ја проверува вистинитоста на информациите. Покрај ризикот од дезинформации, проблем е и тоа што отсуствува критичкото размислување.

„Може да се врзат со агентот со кој комуницираат и да направат зависност од употребата на алатката која ја користат што секако би било издвојување од реалниот свет со сите дополнителни негативности кои следуваат. Можат да не размислуваат многу, да ја изгубат и креативноста. Токму тоа се проблемите кои наставниците треба да им ги воочат и против кои треба да преземат мерки“, порача Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

За да се ограничи користењето, но и да се заштитат учениците од потенцијалните ризици, околу 200 наставници од 80 училишта поминале деветмесечна обука. Ќе ги насочуваат младите како правилно да ја користат вештачката интелигенција.

„Секогаш ќе има препишување и тоа е карактеристика на младоста и на љубопитноста и тоа е една од нивните добри особини. Учениците пробуваат да ги истражат сите можности на вештачката интелигенција, но затоа се тука наставниците и високо образовните установи за да ги насочат што е добро, а што не е“, додаде Јаневска. 

Јаневска потенцираше и дека останува забраната на мобилните телефони за време на часовите, како една од мерките за спречување злоупотреби. Професорите кои ќе помагаат во овој процес, денес ги добија сертификатите за користење на вештачка интелигенција.

Тамара Марковска

Jumbo 2