Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вакцинацијата против туберколоза е одложена додека не се стаса новата пратка од Јапонија

/

Македонија

Сподели преку :

По Хрватска и Македонија ќе проверува дали бугарската вакцина против туберкулоза влијае штетно. Од здравство нема да ги чекаат анализите и набавуваат едногодишни вкацини за БСЖ од Јапонија. Сепак вакцинацијата е одложена додека не се стаса новата пратка. Новоороденчињата нема да се вакцинираат во родилиштата туку веднаш кога ќе стасаат вакцините од далечниот исток. Ова одлжување на вакцинацијата не е опасно вели минситерот за здравство Сашо Клековски

Додека трае одложувањето на употребата на бугарската вакцина и се испитува состојбата во државата, Министерството за здравство најде привремено решение. Ќе набави едногодишни количини на БСЖ вакцини од Јапонија. Вакцините ги има на залиха, а во скоро време ќе се организира транспортот во државата, со цел да се обезбеди континуитет во вакцинацијата против туберкулоза.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, вели  дека практиката во државата е БСЖ вакцината да се прима при отпустот од родилиштето, но дека нема да има проблем доколку вакцинацијата се изврши и подоцна, односно  одложување на БСЖ нема да има несакани последици.

Во периодот од една година, додека траат количините од јапонската вакцина, надлежните ќе имаат време да утврдат дали несаканите реакции за кои извести Хрватска се поврзани со бугарската вакцина или причината е друга.

  • Сериите кои се проблематични во Хрватска кај нас им е истечен рокот, значи се надвор од употреба во јуни. Збориме за прекин од седум до 10 дена, не џзборам за прекин со месеци кои ќе трае. Чим биде достапна вакцината во Македонија ние ќе дадеме натамошни упатства за начинот на дистрибуција и за вакцинација – рече Клековски.

Клековски вели дека дал наредба да се пребараат сите случаи на остеомиелитис во последните четири години, вклучително и оние кои евентуално не биле регистрирани.

Додека не се утврди причинско-последична поврзаност меѓу заболувањето кај децата и вакцината, нема да се носи одлука за повторно ставање на овие вакцини во употреба.

  • Во соработка со МАЛМЕД се истражуваат сериите кои што се активни кај нас кој што сега ги користиме, односно се користеле до вчера и немаме пријавено несакани реакции. Во однос на клиничкиот тек, остеомилитот може да се јави и од други состојби , далеку дека е само вакцинацијата и може да се јави и неколку недели по примање на вакцината до неколку години. Временскиот период на асоцираност е многу долг за да може да кажеме . Будно се следи секоја од несаканите реакции кои што ќе биде пријавено- д-р Александра Грозданова, претседателка на Комисијата за имунизација.

Хрватската агенција за лекови завчера ја запре употребата на БСЖ вакцината од бугарскиот Национален центар за инфективни и паразитски болести Бул Био додека не се спроведе вонредна контрола на вакцините и да се утврдат можните причини за нус појавите.

Здравствените власти во Хрватска добиле четири пријави за сомнеж дека вакцината предизвикала воспаление на коските кај мали деца. Бугарскиот производител „Бул Био“, пак, соопшти дека кај две деца во Хрватска можеби била дадена десеткратно поголема доза на БСЖ вакцина од пропишаната.

Симона Петровска

 

Jumbo 2