Вести Македонија Топ вести

Логото за Денот на независноста е срамно – смета основоположникот на графичкиот дизајн Костадин Танчев – Динка

Во логото не се препознава за што се работи и неколку букви или бројки, како и сонце или знаме – не ја презентира триесетгодишната историја на самостојна Македонија.  Основоположникот на графичкиот дизајн во земјава, Костадин Танчев – Динка, за Телма го искоментира тоа што Владата го презентира како лого за чествување на триесетгодишнината на независна Македонија. Професорот вели, во дизајнот има едно правило, а тоа е – не е важно кој го прави дизајнот туку кој го нарачува.

Професор Танчев пред нашата камера стручно објасни што тој видел во логото што смета дека е нестручно направено.

Под итно да се повлече ова лого, апелира Танчев. Се уште има малку време преостанато, но сепак доволно според него, за да се направи јавен конкурс и достојно да се чествува триесетгодишнината од независноста на државата.

Логото го објави Владата, а го објаснија со зборовите „сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност“. Потоа следуваа реакции во јавноста најмногу околу тоа дали сонцето е приказ на тоа од нашето знаме и дали е направена грешка во приказот. Но, и покрај критиките, од Владата останаа на ставот дека на логото се обединети сите симболи со кои се потенцира јубилејот.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ со порака до опозицијата: Договорете се што сакате од Изборниот законик, ние ќе прифатиме сè, само дијаспората да може да гласа електронски или по пошта

Sasko Dimovski

СДСМ: Лекот Фостер поскапе, бесплатниот го нема во аптеките, власта ги изигра пациентите со астма и ХОББ

Sasko Dimovski

Заврши и третиот повик за нови автобуси, детали за понудувачите засега нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе