Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Мицкоски пред средбата во Софија: Некои од земјите членки на ЕУ го злоупотребуваат своето членство

/

Македонија

Сподели преку :

Пораката на Марта Кос е потврда за проблемите кои ги прават одредени држави со билатерални прашања на патот кон членство во ЕУ, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Додава дека токму затоа постојано укажувал на тоа и инсистира отворањето на Уставот за вметнување на Бугарите да биде на крајот од целиот процес за да нема нови условувања.

  • „Утре ќе има билатерална средба ќе видиме во кој формат и како. Пораките наши се јасни дека само со дијалог може да дојдеме до решение за состојбата во која се наоѓаме во моментов, дека ние сме за добрососетски односи и сакаме што побрзо да ја реализираме нашата стратешка цел – да бидеме дел од ЕУ, нешто што многу одамна го заслуживме“, рече Мицкоски.

Прашан за коментира по вчерашниот предлогот на Европската комисија за укинување на ветото во процесите на проширување во однос на билатералните прашања што не се поврзани со проширувањето, премиерот рече дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство.

  • „Очигледно е дека таму состојбата е препознаена, дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство во рамките на ЕУ и се обидуваат да излезат надвор од рамките на пристапувањето по заслуга и се обидуваат преку своето членство таму да решаваат некакви прашања кои немаат никаква врска со европските вредности и тоа е препознаено. Јас дадов една таква изјава кога во јуни бев во Тиват после средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон“, изјави Мицкоски.

Б.С.

Jumbo 2