Нова кривична пријава против истата вработена во управните служби на МВР за фалсификување на категории во возачките дозволи на десетици лица. Покрај неа осомничени се уште шестмина, еден посредник и лицата кои ваделе возачки.
Осомничената веќе е осудена за првиот случај откриен во септември и по признание на вина доби 2 и пол години затвор за фалсификувањето на поадтоците во возачките дозволи.
Во меѓувреме се откриваат нови случаи со возачки дозволи поради што МВР и поднесе и нова кривична пријава.
Осомничена е дека незаконски менувала податоци во електронскиот систем и додавала возачки категории за кои лицата не ги исполнувале законските услови.
Според МВР, дејствијата биле извршувани од почетокот на 2025 година до 24 август 2026 година.
Осомничената користејќи ја својата шифра, наводно одобрувала барања и овозможувала издавање возачки дозволи со незаконски додадени категории.
Едно од пријавените лица, според наводите, ја користело дозволата со незаконски додадена категорија „А“ за управување мотоцикл и со неа ја преминало државната граница.
Досега се утврдени 30-ти случаи на фаслификување, а вработената е суспендирана.
Таа и во 2021-ва била осомничена за слични злоупотреби, но судот не ја осудил поради немање доволно докази и таа се вратила во МВр во 2025-та година кога продолжила со злоупотреби во управните служби.
М.С.













