Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов случај со фалсификување возачки дозволи: Вработена незаконски менувала податоци и додавала исправи

/

Македонија

Сподели преку :

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против шест лица, меѓу кои и вработена во МВР, поради сомнение за фалсификување возачки дозволи.

Вработената, која работела како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи Скопје, е осомничена дека незаконски менувала податоци во електронскиот систем и додавала возачки категории за кои лицата не ги исполнувале законските услови.

Според МВР, дејствијата биле извршувани од почетокот на 2025 година до 24 август 2026 година.

Осомничената користејќи ја својата шифра, наводно одобрувала барања и овозможувала издавање возачки дозволи со незаконски додадени категории.

Едно од пријавените лица, според наводите, ја користело дозволата со незаконски додадена категорија „А“ за управување мотоцикл и со неа ја преминало државната граница.

МВР наведува дека против петмината други пријавени лица се поднесени пријави за фалсификување исправа, а против едно и за употреба на исправа со невистинита содржина.

Против вработената ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а таа веќе е суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка информира МВР.

Jumbo 2