Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на вечерашната емисија на Телма, Директно со Младен, рече дека веќе постои Мастер план кој во наредниот период ќе биде промовиран. Тој најави континуитет на гобрите политики слушајќи ви граѓаните.
- Во однос на ДУП за „Барутана“, додека сум јас претседател на СДСМ, на Водно една цигла нема да биде изградена, за тоа имаме договор и со градоначалникот, нема да подржиме нешто за што граѓаните се противат, вели Филипче.
Во однос на шпекулациите дека таму имало договор со СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и имале плацеви, „апсолутно ниту мене ниту раководство на партијата тоа не не интересира“.
Тој откри дека мастер планот се состои од неколку точки, а како прво се европските интеграции, второ потребата за правда, два закони – еден за соработна со европското обвинителство, ревизија на случаите кои создаваат немир во општеството.
- Јас не бегам од договорност, секој нека знае. Ревизија на тешки случаи за општеството како „Модуларната болница во Тетово“, случајот со „Мазутот“, но и актуелните – да потсетам дека премиерот и целата влада се осомничени за несоодветно постапување со унгарскиот кредит. Новиот унгарски премиер покрена истрага за тоа и тоа е сериозна работа, вели лидерот на опозициската СДСМ.
Понатаму тој истакна дека е потребен Специјален закон за ветинг за сите функционети и јас и Заев, Шеќеринска, Шилегов… но и сите сегашни функционери, што ќе ја спроведат странски независни експерти, рече Филипче.
Тој зборуваше и за проверка на имот не само на политичарите, туку и на компанииите кои оствариле екстрапрофит.
„Ќе го вратиме прогресивниот данок“, рече Филипче, кој според него „не е казна за успешноста, туку е правилна прераспределба на капиталот“.
„Стандардот, правдата, прогресивниот данок, мирот во општеството се приоритети на СДСМ“, дециден беше тој.













