Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стафа не ги барал парите за судијата Ристов, тоа го признал за поблага казна

/

Македонија

Сподели преку :

Дваесет илјади евра биле адвокатска награда од сестрата на клиентот Љупчо Пецов Ѓаволот, а уште 30.000 заем од неа, а не за апелациониот судија Ѓоко Ристов. Вака осудениот адвокат и поранешен правобранител Фехми Стафа, како сведок на одбраната, негираше дека примил 20.000 евра за да влијание врз судијата и да му го укине притворот на Пецов, нешто што веќе го призна и издржува затворската казна од 15 месеци.

Стафа рече дека истражители кои му вршеле претрес го малтретирале и му се заканувале. Ја обвини и обвинителката Искра Хаџи Василева дека барала од него да даде лажен исказ дека парите треба да завршат кај Ѓоко Ристов. Тврдеше дека и одговорил дека „10 години ќе лежам, но тоа не го прифаќам“. Откако бил притворен барал и да му биде укинат притворот поради здравствената состојба на детето, но бил одбиен. Признал за да си ги скрати маките.

„Јас признанието свесно го направив и од две штети ја избрав најблагата, бидејќи немав друг избор. Не сакав да ми се случи тоа што му се случи на Ристов, да ми ја запалат колата и слично. Нелогични се обвинувањата затоа што жалбата за притворот на Пецов ми беше одбиена 11 дена пред да бидам лишен од слобода дека наводно сум примил награда за да влијаам врз судијата“, сведочеше Фехми Стафа.

Низ прашањата и судијката му посочи дека во предметот против него има изјави од Пецов и неговата сестра дека барал 100.000 евра за укинување на притворот, а тој остана дека парите биле адвокатска награда.

Според обвинителката, станува збор за правосилно осуден сведок и посочи на неговиот кредибилитет. Таа вели дека покрај вербалните, има и материјални и електропнски докази во поткрепа на обвинението. Пецов кој беше осомничен како организатор во предметот „Синџир“  претходно призна вина и доби условна, а обвинителството не се жалеше. Обвинителката потврди дека тој бил соработник во овој предмет.

„Љупчо Пецов Ѓаволот, во оваа ситуација и во овој предмет, беше соработник и сведок кој пријавил криминал, се одважил да го пријави. Во таа смисла, и тогаш и сега, сакам повторно да упатам порака дека пријавувањето кривични дела, особено корупција, е нешто што силно го охрабрувам. Треба да се пријавува што е можно повеќе, бидејќи тоа е единствениот начин да се бориме против овој тип криминал“, изјави ИскраХаџи Василева, обвинителка во ОЈО ГОКК.

И одбраната на Ристов го предложи Пецов за сведок, но дали ќе се појави дополнитлено ќе одлучат вели адвокатот. Тој смета и дека обвинителстовто не покажало издржани докази за обвинението.

„Ние во судница не го браниме криминалот и не го браниме делото за кое се товари обвинетиот. Ние се обидуваме да се почитуваат законските права кои му се загарантирани на секој што ќе дојде во судир со законот. Ако самото Обвинителство не ги почитува тие права, врши притисок и се заканува кон обвинети, сведоци и други лица вклучени во истражната постапка, тоа покажува до колку ниски гранки сме паднале“, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ 

На слeдноито рочиште одбрната ги најави како сведоци, родителтите на судијата Ристов во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени заѕиданите 350.000 евра.

Елена Ивановска Мукоска

Jumbo 2