Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Царината заплени 79 кг. марихуана, петмина приведени

/

Македонија

Сподели преку :

Разбиена меѓународна криминална група поврзана со нелегална трговија со дрога, при што пет лица се приведени, соопшти Царинската управа. Против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акцијата започнала по добиена разузнавачка информација, а на граничниот премин „Дојран“, при излез од земјава, царинските мобилни тимови спречиле обид за транспорт на 79 килограми марихуана, наменета за турскиот пазар. Марихуаната била пронајдена во камион управуван од државјанин на Босна и Херцеговина, кој бил приведен.

Според Царинската управа, камионот влегол во Македонија натоварен со железни профили, а марихуаната била дополнително внесена во возилото на однапред договорена локација. Во случајот е започната предистражна постапка во соработка со ОЈО ГОКК за утврдување на сите вмешани лица.

Jumbo 2