Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло – Временска прогноза за 7.10.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Стабилната временска состојба ни продолжува, па и утре речиси насекаде ќе преовладува  сончево и релативно топло време. Ведрото утро ни ниска утринска температура која ќе биде во интервал од -2 дп 9, додека дневната ма повеќе места ќе го надмине 20 степен и ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец.

Информација од ова утро 6.10.2026

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)

-4 Берово, 0 Битола, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Струмица, 3 Тетово, Велес, 4 Крива Паланка, Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Маврови Анови, 5 Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Попова Шапка, 8 Виница, 9 Крушево.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!